Свет 21. април 2020. / 13:05

„Боинг“ го обновува производството

„Боинг“ го обновува производството

Американскиот авиопроизводител „Боинг“ од денесњка го обновува производството на цивилни авиони во фабриката во Сиетл, во државата Вашингтон. Притоа, преземени се мерки за почитување на социјалната дистанца, поради пандемијата од корона вирусот, соопштија од компанијата.

„Боинг“ го сопре производството во Сиетл минатиот месец, заради ширењето на Ковид-19.

На работа се враќаат околу 27.000 работници, што шретставува 17% од персоналот на компанијата, јавуваат медиумите.

„Боинг“ ќе инсистира вработените задолжително да носат маски, а подовите ќе бидат маркирани и ќе има знаци за почитување на социјалната дистанца меѓу работниците. Персоналот ќе работи според распоред за смени. Освен тоа, ќе се проверува и здравствената состојба на вработените и доброволно ќе се мери нивната температура.