Успехот во справувањето со климатските промени не бара чудо, туку лидерство, рече Мајкл Блумберг на конференцијата на ОН за климатски промени COP25 во Мадрид.
Милијардерот, кој неодамна се приклучи на кампањата за претседателски избори во 2020 година, присуствуваше на конференцијата за да ги увери Американците дека остануваат посветени на борбата против глобалното затоплување и покрај најавата на претседателот Трамп за повлекување од Парискиот договор за климата.
–Следниот американски претседател треба да стави крај на сите субвенции за компаниите кои користат фосилни извори на енергија и нивно извлекување. Ова вклучува даночни олеснувања и други специјални режими – рече Блумберг.
Toj во говорот за финансирање на транзицијата на климатските промени организиран од страна на шпанската влада додаде дека претседателот мора да ги инвестира овие фондови во обновливи извори на енергија, што ќе создаде многу нови работни места.
–Накратко, за справување со климатските промени, нема да биде потребно чудо, ќе бидат потребни неограничени ресурси. Ќе биде потребно лидерство и здрав разум. Сепак, точно е дека американската влада покажува значителен дефицит на здравиот разум – иронично рече Блумберг.