Свет 17. февруари 2020. / 11:16

Блумберг сака Хилари Клинтон да му биде потпретседател

Блумберг сака Хилари Клинтон да му биде потпретседател

Кандидатот на демократите за претседател на САД, Мајкл Блумберг разгледува опции Хилари Клинтон да му биде потпретседател, јави Си-ен-би-си повикувајќи се на извештај на „Драџ рипорт“.

Според извештајот, во кој се цитираат извори блиски до кампањата на милијардерот, во влучај на такво партнерство, Блумберг би го променил своето официјално место на живеење од Њујорк во Колорадо или на Флорида. Уставот налага дека може да има ограничувања и двајцата членови во натпреварот за претседателската функција да живеат во една иста држава.

Портпарол на Клинтон засега не дава коментар за американски медиуми. Таа се кандидираше за претседател во 2016 година кога на изборите загуби од Доналд Трамп.