Поранешниот британски премиер Тони Блер смета дека Велика Британија е во „опасен хаос”, и вели дека ниту неговата лабуристичка партија, ниту пак конзервативците на Борис Џонсон заслужуваат да победaт на изборите на 12 декември.
Јавноста не е убедена дека секоја голема партија заслужува изборна победа – изјави Блер.
Велика Британија одржува избори три години порано, бидејќи Парламентот е во „ќорсокак” поради брегзит, не можејќи да се договори за тоа како и дали воопшто да ја напушти Европската Унија.
Ние сме во хаос – нагласи Блер, кој беше лабуристички премиер меѓу 1997 и 2007 година.
Блер оцени дека и двете најголеми партии продаваат фантазии и дека доколку изборните анкети се точни, партијата на Џонсон веројатно ќе освои мнозинство.
Тој рече дека неговата партија сега е контролирана од „марксистичко-ленинистичко крило” и дека нивниот лидер Џереми Корбин ветил револуција.
Проблемот со револуцијата не е како ќе започне, туку како ќе заврши. Проблемот со револуциите е што тие секогаш завршуваат лошо, рече Блер.