Целиот свет наголемо зборува за криптовалутите, но и понатаму голем број на луѓе сметаат дека тоа е се една голема измама.
Еден од ниов е милјардерот Пол Сингер кој дури ги предупредува своите клинети да се држат подалеку од биткоинтот и другите криптовалути.
Сингер кој стои за „менаџментот на Елиот”, хеџ фондот вреден три милјарди долари, во писмото на клиентите го користи акронимот WTHIT (“What the hell is this”), како синоним за криптовалуутите.
– страв од тоа дека ќе пропуштиме нешто порасна и акронимот WTHIT. Во историјата која ќе биде напишана за криптовалутите ќе се опишуваат како најбрутални измами во историјата, се наведува во соопштението од Фондот. Во писмото е објаснето што се се смета дека не е во ред со криптовалутите.
– Сите им се смееме на примитивните племиња кои коирстеле камења или свињи како валута. Па смејте се колку и да сакате, но камен или здрава свиња се навистина реални. Криптовалутите се нешто како маркетиншка моќ на изумител, финансиер и други кои ја сакаат идејата за купување на црни кутии ( која очигледно е празна) по цена на автомобил „Киа” и сонуваат дека тоа ќе се претвори во „Мерцедес”. Имаше момент кога тие сонови се материјализирале за само неколку часа. Тоа не е само балон. Тоа не е само измама. Станува збор можеби за надворешна граница, за ултимативна способност на луѓе да го фатата етерот и да се надеваат дека ќе јаваат до ѕвездите, пишува во писмото.
Не е прв пат Фонд и Пол Сингер да ги критикуваат криптовалутите. Уште во 2013 година почнале со критиките, но вредноста на крипотвалуутата од тогаш драстично порасна се до почетокот на овие години.
Фонд во писмото го цитира капиталистот Авија Теванија кој рекол дека „ знаеме дека само 21 милион биткоинта ќе биде остварен„
Според „Елиот” тоа не е така, бидејќи софтверот кој го подржуваат биткоинтот може да доведе до реално покачување на количините ка криптовалутите низ процес надвор од “forking”.
– Биткоинтот и неговите роднини се во суштина апсолутно и целосно ништеа, не постои ограничување за биткоинт освен на надворешни граници на човечката лудост, се наведува.