Свет 13. април 2018. / 12:10

Биткоинот не е мртов – порасна над 15%

Биткоинот не е мртов – порасна над 15%

Криптовалутата биткоин успеа да направи нов скок во вредноста кој трае веќе два дена со што покажа дека не е мртва и ја достигна границата од речиси 8000 долари откако подолго време се тргуваше со цена од нешто над 6000 долари.

Овој скок од над 20% покажува дека и натаму ќе се наоѓаат нови финансиери и инвеститори кои ќе сакаат да вложат позначителна сума на пари во криптовалути, особено во биткоин и дека не се откажуваат од располагање со уникатно средство чија технологија ветува блескава иднина, секако доколку се развие во идеалниот правец кој го замислуваат технолошките визионери.

Биткоинот го искористи овој тивок период кога повеќето владини тела и организација се соочија со бавни процедури во намерите да воведат посериозни законски регулативи, па дури и забрана за користење на биткоинот како платежно средство, па така повторно се најде на пазарот.