Свет 01. февруари 2021. / 11:25

„Бионтек“ вети 75 милиони дополнителни дози и забрзана испорака на вакцини

„Бионтек“ вети 75 милиони дополнителни дози и забрзана испорака на вакцини

Германската лабораторија Бионтек денес објави дека ќе ја забрза испораката на вакцини против коронавирус до Европската унија и вети 75 милиони дополнителни дози во вториот квартал.

Бионтек и американската компанија Пфајзер, со кои е развиена вакцината, „ќе ги зголемат испораките од недела, 15 февруари“.

Целта е да се испорача количината за која се обврзаа во првиот квартал, како и „до 75 милиони дополнителни дози на ЕУ во вториот квартал“, според постојните договори, се наведува во соопштението на финансискиот директор на Бионтек, Сиера Петинг.

Соопштението е издадено пред состанокот меѓу германската канцеларка Ангела Меркел и регионалните претставници за вакцините против коронавирусот.