Основачот на „Мајкрософт” – Бил Гејтс го обвини Фејсбук и другите социјални мрежи за брзото распространување на корона вирусот во САД.
Како што резонира Гејтс, важна причина за тоа биле дезинформациите објавувани на социјалните мрежи.
Какво иноваторство видовме? За жал, дигиталните технологии и платформи, веројатно придонесоа за распространувањето на ова што јас го сметам за луди идеи. Социјалните мрежи би можеле да бидат и пополезни за справување со ваквата и слични кризи, ако беше обезбедено споделувањето точни и веродостојни податоци – изјави Гејтс во последното свое интервју.
Гејтс додава дека дезинформациите убедиле поголем дел од населението, оти некои мерки против Ковид-19, како што е носењето маски и физичкото растојание, наводно не се неопходни.
Од почетокот на пандемијата, платформите распространуваат различни теории на заговор и лаги, поврзани со коронавирусот. На пример, се тврдеше дека новите кули за безжична комуникациска технологија за 5Г придонесуваат за ширењето на заразата и оти 5Г ги напаѓа и го ослабнува имунитетот на луѓето. Тоа се непроверени, неточни и лажни податоци – вели Гејтс.