Свет 26. јуни 2020. / 11:35

Бил Гејтс предупредува дека вакцината може да не биде ефикасна во борбата со Ковид-19

Бил Гејтс предупредува дека вакцината може да не биде ефикасна во борбата со Ковид-19

Основачот на Мајкрософт, Бил Гејтс, предупреди дека е можно вакцината против корона вирусот да не биде многу ефикасна како пречка за ширење на инфекцијата.

Во интервју за „Си-Ен-Ен“, Гејтс го објаснува својот песимизам.

Кога развиваат вакцина, истражувачите се водат од две карактеристики – превенција на болеста со вакцинацијата и спречување на пренесување на инфекцијата врз други. Нема гаранција дека вакцината ќе биде идеално средство за блокирање против пренесувањето на инфекцијата – вели Гејтс.

Истовремено, основачот на „Мајкрософт“ ја пофали ефикасноста на имунолошкиот одговор на организмот на болеста. Според него, развиениот имунитет штити од ризик од повторно инфекција најмалку една година.

Бил Гејтс ја поддржа прогнозата на главниот американски експерт за заразни болести, Ентони Фаучи, кој предвиде дека вакцината против корона вирусот ќе биде готова кон крајот на 2020 или на почетокот на 2021 година.