Посиромашните земји во најдобар случај ќе доцнат од 6 до 8 месеци со набавката на вакцината против ковид-19 во споредба со побогатите земји, проценува Бил Гејтс.
Во интервју за Ројтерс, Гејтс рече дека дистрибуцијата на вакцини е исклучително голем проблем што врши притисок врз глобалните институции, владите и производителите на лекови.
„Секој политичар е под притисок да се бори да ја донесе својата земја на почетокот на редот“, рече Гејтс.
Фондацијата Бил и Мелинда Гејтс досега вети 1,75 милијарди долари за борба против пандемијата ковида-19, вклучително и во рамките на Ковакс програмата за правична дистрибуција на вакцините водена од Светската здравствена организација.
Ковакс планира да дистрибуира 2,3 милијарди дози вакцини до крајот на годината, од кои 1,8 милијарди дози се бесплатни за сиромашните земји. Тој се надева дека првите испораки ќе бидат реализирани во февруари.
Гејтс вели дека дистрибуцијата на вакцините преку ковакс првично ќе биде скромна.