Свет 18. февруари 2021. / 11:08

Бил Гејтс: Две дози од вакцината нема да бидат доволни да го победиме коронавирусот

Бил Гејтс: Две дози од вакцината нема да бидат доволни да го победиме коронавирусот

Оваа изјава доаѓа среде сите грижи дека постоечките вакцини се помалку ефикасни против јужноафриканскиот и бразилкиот сој на коронавирусот.

-Можно е да биде потребна и трета доза од вакцината против коронавирусот за да се спечат сериозните случаи на болни луѓе предизвикани од новите соеви, изјавил милионерот и филантроп Бил Гејтс за „Си-би-ес“.

Toј вели дека прашањето е дали ни е доволна само исклучителна покриеност со постоечките вакцини или потребна ни е и трета доза од истата вакцина.

-Сите пет компании кои што произведуваат вакцини во САД сакаат да се подготват за случаите дека луѓето кои што веќе примиле две дози можат да добијат и трета доза од вакцината. Мислам дека е разбирливо да се развие модифицирана вакцина за целосно да бидеме сигурни и на другите нови соеви на коронавирусот, изјавил тој.

Инаку, Гејтс го финансира истражувањето во Јужна Африка за да се утврди дали вакцините на компанијата „АстраЗенека“, „Џонсон и Џонсон“ и „Новавакс“ се подеднакво ефикасни против позаразните варијанти на коронавирусот.

-Овој сој за „АстраЗенека“ е посебен предизвик, додека пак вакцините „Џонсон и Џонсон“ и „Новавакс“ се помалку ефикасни, но сепак доволно, навел Гејтс.

Доколку коронавирусот не се искорени во иднина ќе биде потребна повторна вакцинација.

-Веројатно не на годишно ниво, но се додека вирусот постои сакаме да се шири помалку во Америка, навел Гејтс.