Свет 03. јуни 2018. / 18:41

,,Бидете мирни” – Меланија ја немаше неколку денови, а сега се огласи

,,Бидете мирни” – Меланија ја немаше неколку денови, а сега се огласи

Првата дама на САД, Меланија Трамп, ја нема со денови во јавноста, а медиумите во Америка веќе на големо пишуваа за криза во бракот, дека Меланија си заминала, како и други наслови.

Убавата сопруга на Трамп се огласи на социјалните мрежи по 22. дена отсуство:

– Бидете мирни, овде сум во Белата куќа. Се чувствувам супер со семејството, напорно работам за доброто на американските деца и народ, напиша таа на Твитер.