Свет 12. април 2020. / 16:15

БиБиСи: Зошто Данска презема чекори за ублажување на мерките

БиБиСи: Зошто Данска презема чекори за ублажување на мерките

Од среда, 15 април, во Данска ќе се ублажат некои мерки за борба против епидемијата на коронавирусот, така што учениците на возраст од 11 години и помлади ќе се вратат во училиште и градинка, јави Би-Би-Си.

Данска е една од првите европски земји што пред еден месец воведе мерка за затворање на училиштата.

– Важно е Данска да не е затворена повеќе од тоа што е потребно, изјави премиерката Мете Фредериксен.

Како што наведе, ширењето на вирусот е ставено под контрола и Владата сака повторно да ја придвижи економијата, но тоа нема да успее толку брзо.

– Ако премногу брзо ја отвориме Данска, ризикуваме инфенцијата повторно да се шири брзо, рече премиерката.

Во Данска досега од Ковид-19 се заразени 6.174 лица, а починаа 273 луѓе.