Свет 17. април 2020. / 23:18

Безбедно одржување избори во Полска ќе биде можно дури за две години

Безбедно одржување избори во Полска ќе биде можно дури за две години

Полскиот министер за здравство, Лукач Шумовски, изјави дека одржување на безбедни, традиционално организирани избори во Полска е можно најрано за две години.

Полскиот министер процени дека одржувањето избори по пошта во моментов е единствена безбедна опција.

Претседателските избори во Полска се закажани за мај годинава, а владејачката партија Закон и правда се залага за гласање по пошта.