Свет 27. март 2020. / 13:44

Бесконтактното плаќање може да помогне во намалување на ширењето на корона вирусот

Бесконтактното плаќање може да помогне во намалување на ширењето на корона вирусот

Регулатоторното тело на банкарскиот сектор на Европската Унија, Европскиот банкарски орган (ЕБА) им препорачува на финанските компании да им овозможат на своите клиенти да вршат бесконтактни плаќања, со цел да придонесат во намалувањето на ризикот од ширење на корона вирусот.

Врз основа на препораките на Светската здравствена организација (СЗО), ЕБА соопшти дека фирмите за наплатни услуги може да помогнат да се ограничи ширењето на вирусот, со тоа што ќе го олеснат плаќањето без физички контакт, односно без користење готовина, преку дебитни или кредитни картички или преку апликациите за мобилни телефони, како „Гугл Пeј“ или „Епл Пeј“.

– ЕБА ги охрабрува потрошувачите и трговците да ги преземат неопходните санитарни мерки на претпазливост при обезбедувањето или употребата на наплатните терминали во продавниците за кои е потребен ПИН, вклучително и да се разгледаат сите можни начини на наплата, како што се бесконтакни или далечински плаќања – се наведува во соопштението на регулаторното тело.

Претставник на компанијата за финансиски трансакции „Ворлдлајн“ во изјава за Ројтерс истакнал дека од некои трговци биле информирани дека не прифаќаат плаќања со готовина, туку бараат да се вршат безконтактните наплати.