Свет 08. април 2020. / 17:55

Берни Сандерс се откажа од претседателската трка

Берни Сандерс се откажа од претседателската трка

Демократскоot социјалист Берни Сандерс ја напушти трката за претседателски кандидат на Демократската партија на САД за изборите што се закажани за 3 ноември, соопштија од неговиот изборен штаб.

Излегувањето на Сандерс од трката го потврдува поранешниот потпретседател Џозеф Р. Бајден Џуниор како претпоставен кандидат против Трамп.

Во трката која беше затегната и од ескалацијата на кризата со коронавирусот Сандерс не се соочи со реален пат до номинацијата. Тој се соочи со серија порази од Бајден, почнувајки со Јужна Каролина кон крајот на февруари и кулминирајќи со низа порази минатиот месец во важни држави како Мичиген и Флорида.

Со оглед на состојбата двајцата кандидати беа спречени да продолжат си кампањата, а Сандерс ги помина последните неколку недели на маргините, обраќајки се во живо, притоа соочувајќи се со повиците од колегите демократи да излезе од трката и помогне да се обедини партијата и да застане зад Бајден.

78-годишниот Сандерс преку конференциски повик го известил својот персонал во кампањата за својата одлука.

Се очекува наскоро да им се обрати на своите поддржувачи преку интернет, соопштија од неговата кампања.