Свет 14. април 2020. / 11:57

Берни Сандерс ја поддржа кандидатурата на Џо Бајден

Берни Сандерс ја поддржа кандидатурата на Џо Бајден

Сенаторот Берни Сандерс официјало даде поддршка на кандидатурата на неговиот соперник во трката за претседателска номинација, поранешниот потпретседател Џо Бајден.

Чекорот е насочен кон обединување на демократите во пресрет на изборите во ноември.

Сандерс ја прекина својата изборна кампања пред само пет дена и сега се појави заедно со Бајден и посочи дека корона вирусот е причина за обединувањето.

Се предвидува дека Бајден ќе добие ветер в грб со поддршката од Сандерс и тоа во момент кога се чинеше дека кампањата е во втор план поради пандемијата.

На вас лежи огромна одговорност. Сите заедно треба да сториме се, Трамп да остане со еден мандат – изјави Сандерс, укажувајќи дека земјата се наоѓа во досега незабележана здравствена и економска криза.

Уште пред изјавата на Сандерс, кампањата на Бајден почна со повици до неговите поддржувачи во обид да се зближат ставовите на прогресивните и умерени струи во Демократската партија.

Се претпоставува дека прогресивните следбеници на Сандерс, чие движење во САД е предводено од младите генерации и не треба да се потценува, масовно ќе гласаат за Бајден, бидејќи тој вети да реализира некои од социјалдемократските политики што неговиот досегашен соперник ги промовираше во својата кампања.