Поранешниот и потенцијален кандидат за претседател на САД, од Демократската партија, Берни Сандерс претрпел срцев удар, потврдија од неговиот тим.
Долгогодишниот сенатор од Вермонт имал блокада на артеријата по што успешно му биле вградени два стента.
– Тој вчера ја напуштил болницата во Лас Вегас, се чувствува одлично и со нетрпение очекува да се врати на работа – соопштија од штабот.
Лекарите информираа дека состојба на 78-годишниот Сандерс е стабилна. Тој бил примен во болница во вторникот откако за време на предизборен собир се пожалил на болка во градите и побарал лекарска помош.