Свет 09. ноември 2020. / 21:29

Берлускони: Трамп изгуби на изборите бидејќи беше агресивен и арогантен

Берлускони: Трамп изгуби на изборите бидејќи беше агресивен и арогантен

Доналд Трамп ги загуби американските претседателски избори поради преголема агресивност и ароганција, изјави поранешнииот италијански премиер, Силвио Берлускони.

– Мислам дека е поразен на овие избори и поради својот став, многу често премногу агресивен, многу често премногу арогантен“, изјави Берлускони за италијанската телевизија „РАИ“.

Конзервативниот почитичар исто така порача дека намерата на новоизбраниот американски претседател Џо Бајден да биде „претседател на сите Американци“ може да биде добра и за целиот свет.

Италијанските медиуми тврдат дека 84-годишниот Берлускони го отворил патот на политичката кариера на Трамп. Пред скандалите кои го одбележаа времето на челото на италијанската влада, тој беше милијардер и медиумски могул.