Поранешниот премиер на Италија, Силвио Берлускони, одби да сведочи на судењето на негов долгогодишен соработник кој се сомничи дека се обидел да биде посредник меѓу мафијата и политичарите.
Берлускони пред судот во Палермо, Сицилија, рекол дека адвокатите го советувале да не одговара на прашањата.
Тој одбил и да се фотографира или снима додека стои пред судијата.
Обвинителството тврди дека сицилијанската мафија Коза ностра се обидела да им се приближи на политичарите во настојувањето да добие помали казни за осудени мафијаши.