Свет 12. јануари 2021. / 19:42

Беличик одби да го прими Орденот на слободата од Трамп

Беличик одби да го прими Орденот на слободата од Трамп

Бил Беличик, главен тренер на „Њу Ингланд Патриотс“ (New England Patriots), клуб на Националната фудбалска лига (НФЛ) од Бостон, одби да го прими претседателскиот орден на слободата, што претседателот Доналд Трамп требаше да му го врачи во четврток. 

Според Беличик, причината се трагичните настани минатата недела, кога толпа поддржувачи на Трамп насилно упаднаа во американскиот Капитол, при што животите ги загубија петмина, меѓу кои и двајца полицајци од службата за обезбедување на Капитолот. 

 -Неодамна ми беше понудено да го примам претседателскиот Орден на слободата, со што бев поласкан за тоа каква чест претставува… Но, со оглед на  трагичните настани минатата недела, донесена е одлука да не го сторам тоа. Јас сум над се американски државјанин со голема почит кон нашата нација, слободата и демократијата, изјави Беличик.

Беличик е главен тренер на Патриотс од 2000 година и има добиено шест Супер Болс, рекорд за еден НФЛ тренер. Во 2016 година во предизборието тој ја поддржа претседателската кандидатура на Трамп.

Според Вашингтон пост, добивал совети да не ја прими наградата, меѓу другите, и од неколку конгресмени.

-Од Орденот на слободата претседателот направи предмет за потсмев. Видете само кој го доби минатата недела, луѓе како Дејвид Њунес и Џим Џордан. Ви се молам. Беличик треба да постапи правилно и да рече: Не, благодарам, изјави синоќа Џим Мекговерн, член на Претставничкиот дом од Масачусетс.  

Орден на слободата е највисокото граѓанско признание во САД, а се врачува за постигнувања во националната безбедност, мирот во целиот свет или за културни и други важни општествени или приватни достигања.