Белгиските здравствени власти соопштија дека во последното деноноќие во земјата се регоистрирани 1.422 нови случаи на заразени, како и уште 132 починати луѓе од вирусот Ковид-19.
Вкупниот број на потврдени случаи во земјата од почетокот на пандемијата е 16.770, а вкупниот број починати е 1.143.
Капацитетот на болниците во земјата се приближува до своите граници, особено во Брисел, каде што само неколку болници имаат доволно кревети на интензивна нега.
Моментално 5.552 лица се хоспитализирани, од кои 1.205 на интензивна нега.
Од денеска во Белгија почнуваат прославите на Велигден, а температурите за време на викендот треба да постигнат дваесет степени, што ги загрижува властите кои алармираат дека мерките на изолација мора и натаму строго да се почитуваат.
Забрането е секакво движење кое не се смета за неопходно, а полициските сили редовно патролираат и ги проверуваат граѓаните.
За време на празникот дозволено е прошетка со членовите на семејството кои живеат под истиот кров, но забрането е патување кон други краеви на земјата.