Свет 26. март 2020. / 14:49

Белгија има 1.298 нови заразени со корона вирус

Белгија има 1.298 нови заразени со корона вирус

Здравствените власти на Белгија информираат дека се регистрирани нови 1.298 случаи на заразени со корона вирус во земјата. Тие притоа потсетуваат дека реалната бројка е уште поголема бидејќи нема масовно тестирање.

Освен бројката на заболени, продолжува да расте и бројката на починати. Во последните 24 часа се регистрирани 42 мртви, со што вкупниот број на починати сега изнесува 220.

Властите оценуваат дека ова значајно зголемување на бројот на заразени се должи на нова построга дефиниција на инфекцијата, но и на фактот што мерките не се почитуваат доволно од страна на населението.

Доколку не ги почитувате мерките, изолацијата ќе трае два пати подолго, ве повикуваме сите да продолжите со напорите и секој да преземе одговорност, да ја прифати ситуацијата и да се организира за да живее во оваа ситуација – изјави Беноа Рамакер, од кризниот центар за корона вирусот.