Свет 28. јануари 2021. / 09:25

Белгија е загрижена дека немирите во Холандија може да ги охрабрат и Белгијците да протестираат

Белгија е загрижена дека немирите во Холандија може да ги охрабрат и Белгијците да протестираат

Белгискaтa министеркa за внатрешни работи Анелис Верлиден изрази загриженост дека насилните протести во Холандија поради ограничувачките мерки може да предизвикаат слични немири во нејзината земја.

Нејзината изјава доаѓа во време кога некои Белгијци на социјалните мрежи повикуваат на протести против заклучувањето и полицискиот час. Се договара одржување протест пред некое спомен обележје во Брисел во недела на 31 јануари.

-Насилните демонстрации што избија во Холандија очигледно охрабрија одредени луѓе во нашата земја да демонстрираат против здравствените мерки, соопшти кабинетот на белгискиот министер за внатрешни работи.