Свет 12. септември 2018. / 16:09

Белгија – брачен пар отвори центар за згрижување на домашни миленици

Белгија – брачен пар отвори центар за згрижување на домашни миленици

Центар за згрижување на животни во Белгија се грижи за животните постари од 10 години и кои се напуштени од нивните сопственици. Многу стари кучиња мора да бидат успани бидејќи нема кој да се грижи за нив. Напуштањето на кучињата обично се случува откако ќе починат нивните сопственици, после разводи или поради тоа што сопствениците не можат финансиски да ја покријат лекарската заштита. Основачите на ова засолниште на животните им нудат храна, ветеринарни услуги и постојано ги шетаат.

„Ова бара многу работа, но како што секогаш ù велам на мојата сопруга, нашата награда е навечер, кога со нив седиме заедно на каучот, нивната среќа кога ги милуваме и ги сакаме, моментот кога ги гледаме среќни, тоа е најголемата награда за нас“, основач на засолништето.

Сопственикот на засолништето живее и работи постојано со овие животни. Дополнително на тоа, Серге и неговата сопруга ги напуштиле своите работни места за целосно да се посветат на работата со животните.