Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп соопшти дека почнувајќи од 16 јуни ќе им забрани на кинеските патнички авиопревозници да летаат кон САД.
На тој начин, Министерството за транспорт на САД ја казнува Кина, откако Пекинг не го почитуваше постојниот договор за летови меѓу двете најголеми светски економии.
Односите меѓу двете земји, во последните неколку месеци, се нарушени и како резултат на ескалацијата на тензиите во врска со пандемијата на корона вирусот.