Советник на американскиот претседател за економски прашања Питер Наваро ја обвини Кина дека намерно испраќала туристи за низ светот да се рашири вирусот.
-Нулта пациентот во провинцијата Вухан се појави во ноември. Кинезите се кријат зад СЗО, два месеци го криеле вирусот од светот, а потоа испратиле стотина луѓе со авион во Милано, Њујорк и по цел свет за да го „посеат“, изјавил Наваро.
Според него Кина можела да го запре ширењето на вирусот, оставајќи го во Вухан.
-Затоа велам дека Кинезите тоа им го направиле на Американците и треба да сносат одговорност за тоа, објаснил советникот на Трамп.
Претходно високопозициониран здравствен советник на кинеската влада Зонг Наншан рекол дека властите во Вухан, градот во кој за првпат е забележана пандемијата во декември минатата година, ги прикриле клучните детали за обемот на почетното жариште.