Свет 12. мај 2020. / 08:43

Белата куќа препорачува тестирање за милион луѓе сместени во домови за стари лица

Белата куќа препорачува тестирање за милион луѓе сместени во домови за стари лица

Белата куќа препорачува во наредните две недели сите жители во домови за нега на стари лица во САД и персоналот да бидат тестирани за корона вирус.

Потпретседателот на САД, Мајк Пенс, кој ја предводи работната група за борба со корона вирусот им изјави на гувернерите преку видео конференција дека федералната Влада силно препорачува да се извршат такви тестови.

Д-р Дебора Боркс, координатор на работната група, им соопштила на гувернерите да се фокусираат во текот на следните две недели на прегледи на сите еден милион лица сместени во такви домови. Д-р Буркс вели дека Белата куќа ќе им помогне на државите на кои тоа им е потребно.

Домовите за нега на стари лица и старите лица досега беа особено ранливи на вирусот.