Децата треба да се вратат на училиште, дури ако идните студии откриjат дека тие го пренесуваат новиот коронавирус, затоа што се со помала веројатност да развијат потешки форми на болеста, изјави денеска секретарот за печат на Белата куќа, Кејли Меккени.
Претседателот Доналд Трамп работи на повторно отворање на американските училишта кои беа затворени оваа пролет кога вирусот првпат почна да се шири низ целата земја, и покрај загриженоста од наставниците и семејствата дека децата би можеле да се заразат или да ја прошират болеста доколку се вратат во училниците, пишува Ројтерс.
Досега во САД се пријавени над четири милиони случаи на Ковид-19, а над 140.000 луѓе починале.