Свет 13. ноември 2020. / 12:29

Бегија протера петмина Данци кои планирале да го запалат Куранот

Бегија протера петмина Данци кои планирале да го запалат Куранот

Белгија протера петмина дански крајно десничарски активисти поради нивните планови за палење на Куранот во муслиманскиот дел од Брисел.

Данските државјани се протерани на една година, а државниот секретар за азил, Сами Махди, нивните планови ги нарече „сериозна закана за јавниот ред“.

Според нивната страница на Фејсбук, петтемина биле соработници на данскиот крајно десничарски политичар Расмус Палудан.

Палудан во средата беше протеран од Франција откако на 30 октомври на Фејсбук напиша дека му соопштил на францускиот конзулат во Копенхаген дека на 11 ноември ќе го запали Куранот пред Триумфалната капија во Париз.

Во изјавата на Махди не се споменува Палудан, но се вели дека „неодамна бил уапсен друг маж во Франција од истата причина“.

Приврзаниците на Палудан во август во јужниот шведски град Малме, исто така, го запалија Куранот, предизвикувајќи насилни протести и судири со полицијата.