Околу 271.800 лица кои ги напуштија своите домови во јужна Сирија, се наоѓаат во мизерни пустински услови на границата со Јордан и Израел, објави Обединетите нации.
Израел и Јордан пак претходно потврдија дека нивните граници ќе останат затворени за бегалците.
Илјадници цивили во провинцијата Дераа, наводно покриени со договорот за де-ескалација од 2017 година, се протерани од бунтовничките градови и села, како што провладините трупи, помогнати од руските воздухопловни сили, брзо ги зафатија областите во текот на изминатите две недели, објави Индепендент.
„Тоа е хаос, луѓето се очајни”, рече локалниот активист Ислам ал Балки во вторникот.
„Луѓето беа оставени со облека на нивниот грб, ризикувајќи од воздушните напади, немаше време да ги закопаат мртвите. Никаде не е безбедно”, додаде Балки.
Според информациите од Сириската набљудувачка организација за човекови права, најмалку 100 цивили се убиени од почетокот на офанзивата на 19 јуни, а огромен број луѓе сега спијат под дрвја и во автомобили, во полиња и пустелија во близина на јужната граница.
Повеќето немаат соодветно засолниште и вода за да се заштитат од топлината од 45 степени Целзиусови. Локалните извори им рекоа на партнерите на ОН, дека најмалку 12 деца, две жени и еден постар маж, починале во близина на границата со Јордан поради дехидрација, загадени вода и каснување од скорпија.
Околу 164.000 раселени лица сега се наоѓаат во Кинеитра, која граничи со Голанската Висорамнина, а 60.000 се распоредени во близина на граничниот премин Насиб-Џебер со Јордан.