Свет 17. февруари 2018. / 17:27

Бебето често им плачело хистерично, па поставиле камери дома: На снимките ги виделе сите зла на нивната дадилка

Бебето често им плачело хистерично, па поставиле камери дома: На снимките ги виделе сите зла на нивната дадилка

Само две седмици откако почнала со работа, дадилката била фатена како го малтретира детето.

Снимката на која се гледа како дадилката го малтретира бебето, му удира шлаканици и го штипе за нос, ги шокирала корисниците на социјалните мрежи. Покрај тоа, на снимката се гледа и како го влече детето за рака и го фрла на подот.

Додека го хранела детето, го удирала по лицето бидејќи одбивало да го земе шишенцето, па потоа го зграбила за рака и го фрлила на под. 31-годишната Анастасија Жељабова од Русија имала задолжение да се грижи за 8-месечното дете, но наместо тоа го малтретирала. 26-годишната мајка Елена Левендева не знаела каков пекол трпи нејзиното бебе.

Меѓутоа, кога увидела дека нејзиното бебе плаче секој ден откако дадилката го чува, инсталирала камери. По само две седмици откако почнала со работа, дадилката била фатена како го малтретира детето. Мајката била шокирана од сцените кои ги снимиле камерите.

Левендева потоа на социјалните мрежи го обелоденила целиот случај: “Поради честото и хистерично плачење на нашето дете, поставивме камери кои го забележаа претепувањето и мачењето”. Портпаролот на руската полиција рекол дека истрагата за овој случај е завршена.

Дадилката неколку пати го удрила детето по лице, па го кренала и го фрлила на под. Сега и се закануваат 10 години затвор поради суровоста кон детето.