Сирискиот претседател Башар ал Асад денеска потпиша указ за општа амнестија за лицата кои избегнале воена служба во и надвор од земјата.
Со одлуката сите дезертери од Армијата се ослободени од кривично гонење.
Согласно указот, бегалците на територијата на Сирија треба да се јават и да им се предадат на властите во рок од четири месеци. За оние кои се наоѓаат надвор пд земјата, рокот изнесува шест месеци.
Сирискиот претседател веќе издаде вакви укази во 2013 и 2015 година. Аналитичарите во Дамаск забележуваат дека ова е важен чекор на патот кон национално помирување и ќе го олесни процесот на враќање на бегалците во Сирија.