Свет 04. јуни 2018. / 13:40

Башар ал-Асад ќе се сретне со Ким Џонг-ун

Башар ал-Асад ќе се сретне со Ким Џонг-ун

Сирискиот претседател Башар ал-Асад ќе го посети Ким Џонг-ун во главниот град на Северна Кореја, соопштија државните медиуми во неделата, што претставува прва средба помеѓу двајцата лидери.

Државната корејска централна новинска агенција соопшти дека Асад изразил подготвеност да го посети Пјонгјанг за да се состане со Ким притоа добивајќи ги акредитивните писма за амбасадорот на Северна Кореја.

„Ќе ја посетам Северна Кореја и ќе се сретнам со Н.Е. Ким Џонг-ун“, рече Асад искористувајќи го акронимот Н.Е. за неговата екселенција.

Не беа објавени други детали, вклучително и кога може да се одржи самитот.

Асад исто така изјавил дека верува оти Ким ќе ја постигне конечната победа и ќе го реализира повторното обединување на Кореја. Корејската агенција исто така објави дека Асад потврдил оти сириската влада целосно ќе ги поддржи сите политики и мерки на раководството на Северна Кореја.