Глобалната побарувачка на нафта во периодот кој следи ќе изнесува 12 милиони барели дневно, што ќе биде „зачудувачки” и „без преседан во модерното време“, рече во воведниот говор на видео-конференцијата на ОПЕК, генералниот секретар, Мохамед Баркиндо.
Тој открива дека побарувачката на нафта ќе се намали за 6,8 милиони барели дневно за цела 2020 година, истовремено истакнувајќи дека во март проценките биле дека ќе порасне за 0,1 милиони барели на ден. Исто така, во претходниот месец, „очекуваниот раст на глобалниот БДП за 2020 година беше 2,4%“, додека „денес, тој е негативен 1,1%“, додаде тој.
-Може да има огромен вишок од 14,7 милиони барели на ден нафта во вториот триместар, предупреди Баркиндо, повикувајќи ги сите производители на нафта присутни на видео конференцијата на ОПЕК да ја „помогнат оваа суштинска глобална индустрија да преживее“.