Свет 02. септември 2019. / 11:33

Бараат повисоки плати – штрајк на холандскиот аеродром Шипхол

Бараат повисоки плати – штрајк на холандскиот аеродром Шипхол

Десетици летови на холандскиот аеродром Шипхол се откажани или одложени денес поради штрајкот на копнениот персонал во КЛМ, холандската подружница на „Ер Франс-КЛМ“.

Штрајкот траел од 6 до 8 часот утрово, при што копнениот персонал барал нов колективен договор, зголемување на платите од осум проценти, како и повеќе вработени со полно работно време и подобри услови за работа.

КЛМ во четвртокот понудил покачување на платите од шест до седум проценти во текот на следните три години, но синдикатите го одбиле.