Свет 11. декември 2020. / 14:30

Бански потврди дека новиот графит „Апчиха“ во Бристол е негов

Бански потврди дека новиот графит „Апчиха“ во Бристол е негов

Банкси потврди дека новиот графит на ѕид од куќа во Бристол е негово дело. Тој прикажува повозрасна жена како кива силно, а капките се распрснуваат низ водухот. Додека кива, ѝ одлетуваат чантата и бастунот.

По појавувањето на графитот, се ширеа шпекулации за тоа дали  делото е негово или не, а мистериозниот британски уметник подоцна ја потврди автентичноста преку неговиот сајт и Инстаграм со постот „Апчиха!“.

Банкси е познат по тоа што преку своите дела искажува сатира кон политиката, бизнисмените и општеството.