Свет 13. ноември 2019. / 22:15

Банкротираше најголемиот американски производител на млеко

Банкротираше најголемиот американски производител на млеко

Најголемиот американски производител на млечни производи, “Dean Foods” прогласи банкрот по 94 години.

Оваа година продажбата  за првите 6 месеци опадна за 7 проценти , додека профитот се намали за 14 проценти.  Акциите на компанијата изгубија 80 проценти во 2019 година, пренесува Б92.

Компанијата  произведе некои од најпрепознатливите млечни производи во САД, а компанијата  за банкротот ги обвинува Американците кои се помалку  користат кравјо млеко. Стечајот беше прогласен затоа што долгот беше толку голем што не беа во можност да плаќаат отпремнина на сите нивни поранешни вработени. Од постојните финансиери, компанијата  собра 850 милиони евра за да му помогне да продолжи со своето работење.

Продажбата на кравјо млеко во Соединетите држави опаѓа во последните четири години, додека продажбата на овесно млеко се искачи на 53 милијарди долари, што претставува зголемување за 633 проценти. Сепак, голем проблем за Дин Фудс е тоа што нивниот договор беше раскинат од најголемиот клиент, Волмарт, кој разви своја марка за млеко.