Сингапурската банка ДБС евакуирала 300 вработени откако еден нивен работник се заразил со корона вирусот.
Поради претпазливост, ДБС им наложила на вработените да работат од дома.
– Во моментот детално испитуваме со кого инфицираното лице беше во контакт – се наведува во соопштението на ДБС.
Министерството за здравство на Сингапур потврди дека се регистрирани 47 пациенти заразени со корона вирус, што е најголем број на инфицирани надвор од границите на Кина.