Свет 21. февруари 2018. / 14:32

Балканот и Македонија ќе го погоди поларен бран

Балканот и Македонија ќе го погоди поларен бран

Балканскиот Полуостров го зафаќа снежен бран. Во Босна и Херцеговина и во Хрватска паѓа снег па така ќе продолжи и во следниот период, објави „Метеомакс“.

Од сабота од Арктикот кон Балканскиот Полуостров ќе се спушта поларна воздушна маса која ќе услови нови снежни врнежи, големо зголемување на снежната покривка и екстремно ниски температури на воздухот кој ќе се спуштат под нулата.

Во делови од Балканот температрите на воздухот особено на почетокот на следната недела ќе се спуштат дури и под -25°C.

Овој поларен бран ќе ја зафати и нашата држава условувајќи најпрвин врнежи од дожд на ниските и снег на повисоките места и на планините. Како ќе се спушта поларниот бран се повеќе така и врнежите од дожд ќе поминуваат во снег и на ниските места.

Според моменталните анализи во најголем дел од нашата држава ќе се формира снежна покривка.