Бакингемската палата одби да одговори на прашањето дали 94-годишната британска кралица Елизабета Втора ќе се вакцинира против коронавирус, нагласувајќи дека тоа е нејзина приватна работа.
Службеникот за односи со јавноста за германската новинска агенција ДПА изјави дека Палатата нема да дава никакви изјави за тоа. Божиќните празници кралицата ги помина со својот сопруг, 99-годишниот принц Филип, на замокот Виндзор, западно од Лондон, без други членови на кралското семејство.
Спротивно на британската кралска куќа, данската кралица Маргарет Втора ја прими вакцината јавно на новогодишната ноќ, а за околу три недели ќе добие втора доза од вакцината.
Британската влада објави дека милиони луѓе веќе се вакцинирани против коронавирус. Вакцинацијата со друга одобрена вакцина произведена од Астра зенека/Оксфорд ќе започне во Велика Британија следната недела, бидејќи вакцинацијата со вакцината на Бионтек/Фајзер започна на 8 декември.
Сепак, ќе бидат потребни неколку недели, па дури и месеци, да се вакцинираат доволно жители за земјата да здивне.