Свет 11. ноември 2020. / 23:12

Бајден убеден во победата – тврди дека ќе биде Врховен командант

Бајден убеден во победата – тврди дека ќе биде Врховен командант

Новоизбраниот претседател на САД Џо Бајден денес се обрати како веќе да ја презел должноста претседател, а истата официјално ќе му биде предадена на 20 јануари, доколку победи на изборите.

Тој на Твитер го честиташе Денот на примирјето во Првата светска војна.

Бајден ова го објави и покрај фактот што на официјалната церемонија на денот кога во САД им се искажува почит на сите што служеле во американската војска присуствуваше неговиот противкандидат Доналд Трамп како актуелен претседател.

„На нашите горди ветерани – ќе бидам врховен командант кој ја почитува вашата жртва, ја разбира вашата служба и никогаш нема да ги изневери вредности за кои толку храбро сте се бореле да ги одбраните“, напиша Бајден.