Американскиот претседател Џо Бајден вети во своето прво обраќање вчера навечер најави дека до 1 мај секој повозрасен граѓанин ќе добие термин за вакцинација, а одбележување на 4- Јули денот на независноста ќе се прослави како ден на ослободување од вирусот.
Во 24-минутно обраќање до нацијата од источната собра на Белата куќа тој говореше за колективната борба со пандемијата во текот на изминатата година, нудејќи визија за враќање на земјата во нормалност летово.
– Ние сме поврзани заедно со загубата и болката во деновите што поминаа, но исто така сме поврзани со надежта и можностите во деновите пред нас, рече Бајден во своето прво претседателско обраќање до нацијата.
Тој најави дека Американците ќе можат безбедно да се соберат барем во мали групи за 4 Јули за да го направат овој Ден на независноста посебен.
Но, тој исто така предупреди дека за да се постигне оваа „цел“, зависи од соработката на граѓаните со следење на упатствата за заштита на јавното здравје и за забрзување навакцинацијата. Само тоа, рече тој, може да донесе крај на пандемијата која уби повеќе од 530 000 Американци.
Говорот се случи само неколку часа откако Бајден го потпиша законот за пакет – помош од 1,9 трилиони американски долари, за кој рече дека ќе помогне во борбата со вирусот и ќе им донесе директна помош на Американците кои се борат да преживеат.
Финансиската помош за некои категории граѓани би можела д абиде исплатена на нивните сметки уште овој викенд.
– Овој историски закон значи обнова на ‘рбетот на оваа земја,изјави Бајден додека го потпишуваше предлог-законот во Овалната соба.
Со него се обезбедува до 1 400 американски долари директна финансиска помош и продолжување на оние 300 американски долари неделни надоместоци за невработените до почетокот на септември, како и додатоци за деца, за грижа за деца и семејно отсуство, за храна и сметки за комунални услуги…
Во своето обраќање во четвртокот навечер, Бајден рече дека целта е сите повозрасни да добијат термини за вакцинација до 1 мај, за што САД очекуваат дека ќе ги обезбедат потребните 255 милиони дози.
– Тоа не значи дека секој ќе добие вакцина дотогаш. Тоа значи дека до 1 мај ќе можат да добијат термин, рече тој.
Бајден најави и други начини за забрзување на вакцинацијата, како вклучување на околу 4 000 активни војници за поддршка на напорите за вакцинација, како и дозвола студенти по медицина, ветеринари и стоматолози да можат да вакцинираат.
Повеќе дози ќе бидат доставени до околу 950 здравствени центри и до 20 000 малопродажни аптеки, за да им се олесни на луѓето да се вакцинираат поблиску до своите домови.
Бајден додаде дека неговата администрација планира и веб-страница на национално ниво за да им помогне на луѓето да најдат вакцини, со што ќе престанат деноноќните обиди за да се закаже термин.