Свет 05. февруари 2021. / 09:01

Бајден презема одлука да ги заштити ЛГБТ лицата ширум светот, ја зголемува и квотата за прием на бегалци во САД

Бајден презема одлука да ги заштити ЛГБТ лицата ширум светот, ја зголемува и квотата за прием на бегалци во САД

Џо Бајден го одржа својот прв говор на темата надворешна политика во САД. Тој рече дека ќе преземе одлука да ги заштити ЛГБТ лицата ширум светот, а тој ја зголемува и квотата за прием на бегалци во САД.

– Америка се врати, рече Бајден и дополни дека тука најпрво мисли дека демократијата е вратена назад.

Советникот за национална безбедност во Белата куќа, Џејк Суливан, синоќа изјави дека претседателот Џо Бајден планира да потпише указ за зголемување на годишната квота за прием на бегалци од воените зони.

Доналд Трамп прифаќал по 15000 мигранти годишно, но Џо Бајден Претседателот подоцна во говор во Стејт департментот укажа дека квотата може да достигне 125.000 бегалци и да се применува заклучно 1 октомври 2021 година. Бројот е неколкукратно зголемување по скратениот прием до 15.000 бегалци годишно за време на претходникот Доналд Трамп.

Суливан истакна и дека Бајден планира да потпише меморандум за промоција на правата на ЛГБТ низ целиот свет, како и за заштита на правата на ЛГБТ бегалците и азилантите.

Советникот укажа и дека САД ќе ја повикат Русија на одговорност поради низа злонамерни дејствија. Според Суливан, карактерот, мерките и времето на нивното преземање ќе бидат одредени по увид на САД.

Администрацијата исто така разгледува можност за мерки околу воениот удар во Мјанмар. Еден од чекорите кои се разгледуваат се селективни санкции против низа физички и правни лица кои се под контрола на армијата.