Свет 24. октомври 2020. / 19:46

Бајден потрошил најмногу пари за реклами од кој било кандидат во историјата

Бајден потрошил најмногу пари за реклами од кој било кандидат во историјата

Кандидатот на демократите на претседателските избори во САД, Џо Бајден, потрошил повеќе пари на рекламирање на телевизија и дигиталните платформи од кој било кандидат во историјата, пишува Хил.

Една недела пред изборите, сметката на Бајден за рекламирање достигна 582 милиони долари, а за последните десет дена од кампањата неговиот изборен штав резервирал простор на телевизиските мрежи во вредност од уште 57 милиони долари.

Неговиот противкандидат, претседателот на САД Доналд Трамп во поселдните две години за рекламирање потрошил 342 милиони долари, но за „спринтот“ пред самите избори издвоил уште 50 милиони долари.

Трамп за рекламирање на Фејсбук во последната недела потрошил 14 милиони долари, наспроти 12,7 колку што издвоил штабот на неговиот ривал.

Се очекува двете кампањи, вклучувајќи ги и групите кои ги поддржуваат, да чинат вкупно 11 милијарди долари, односно речиси 50 отсто повеќе отколку на изборите пред 4 години.