Свет 21. јануари 2021. / 17:39

Бајден нема да го менува директорот на ФБИ

Бајден нема да го менува директорот на ФБИ

Американскиот претседател Џо Бајден планира да го задржи Кристофер Реј на позицијата директор на ФБИ, јави денеска Си-Ен-Би-Си повикувајќи се на извори во Белата куќа.

Реј беше назначен за 10-годишен мандат од поранешниот претседател Доналд Трамп во 2017 година.

Портпаролот на Белата куќа, Џен Псаки на вчерашната прва прес-конференција, на прашањето дали Бајден има доверба во Реј, таа одговори дека не разговарала за тоа прашање со новиот претседател.