Свет 06. февруари 2020. / 13:17

Бајден не се обесхрабрува од поразот во Ајова: Борбата продолжува, без оглед на слабите резултати

Бајден не се обесхрабрува од поразот во Ајова: Борбата продолжува, без оглед на слабите резултати

Поранешниот американски потпретседател Џо Бајден вети дека ќе ја продолжи борбата за демократска претседателска номинација, без разлика на добиениот „удар“ во Ајова, каде што делумните резултати покажаа дека политичкиот ветеран се наоѓа на четврто место место кандидатите од Демократската партијата.

Немам намера да ги разубавувам вестите: Во Ајова добивме удар во стомак. Целиот процес беше удар во стомак – истакна Бајден, додавајќи дека тоа не се први удари што ги добил во животот.

Според резултатите, од 86,1 отсто од избирачките места на предизборите одржани во понеделникот, Бајден се наоѓа зад Пит Бутиџиџ и американските сенатори Берни Сандерс и Елизабет Ворен. Тоа се први предизбори за демократска претседателска номинација за изборите во ноември 2020 година.

Има многу луѓе кои ја отпишаа оваа кампања… Тие се обидуваат да го сторат тоа од моментот кога влегов во трката. Па, имам информација за нив. Јас не одам никаде – изјави Бајден.