Свет 07. јануари 2021. / 20:29

Бајден: Не ги нарекувајте демонстранти, тие се домашни терористи

Бајден: Не ги нарекувајте демонстранти, тие се домашни терористи

Трамп почна „целосен напад“ врз демократските институции во државата, нагласи денеска новоизбраниот американски претседател Џо Бајден.

Тој ги нарече демонстрациите пред Капитол еден од „најцрните денови“ во историјата на САД.

– Не се осмелувајте да ги нарекувате демонстранти. Тие беа насилна толпа. Востаници. Домашни терористи. Тоа е во основата. Толку едноставно, нагласи Бајден.