Свет 08. февруари 2021. / 09:13

Бајден најави масовно вакцинирање на американците на стадионите за рагби

Бајден најави масовно вакцинирање на американците на стадионите за рагби

Американскиот претседател Џо Бајден изјави за “CBS” дека неговата администрација планира да ја прифати понудата на “NFL” за масовна вакцинација против коронавирусот на стадионите на клубовите од професионалната лига во американски фудбал.

Откако заврши “NFL” сезоната со победата на “Tampa Bay”, лигата ги понуди на користење своите стадиони за масовно вакцинирање на граѓаните со вакцина против коронавирусот.

Претседателот Бајден порача дека неговата администрација има намера да ја прифати понудата на “NFL”.

-Апсолутно ќе го направиме тоа. Ќе им кажам на луѓето од мојот тим дека стадионите се достапни и верувам дека ќе ги искористиме, изјави новиот американски претседател.

Седум стадиони на “NFL” веќе се користеа како место за вакцинирање, но сега веќе се планира целиот процес на вакцинирање на населението да се прошири на практично сите стадиони од тимовите кои се натпреваруваат во професионалната лига на американски фудбал.

Со тоа, вкупниот број на стадиони кои ќе ѝ бидат ставени на располагање на државата ќе изнесува 30.

Бајден исто така изрази „надеж и очекување“ дека “Super Bowl” идната сезона ќе се игра на стадион исполнет со навивачи.