Свет 17. декември 2020. / 09:55

Бајден ќе ја прими вакцината против Ковид-19 следната недела

Бајден ќе ја прими вакцината против Ковид-19 следната недела

Новоизбраниот американски претседател Џо Бајден, следната недела се очекува да ја прими вакцина против коронавирус, соопшти преодниот тим на Бајден. Најверојатно тој ќе ја прими вакцината пред целата јавност.

Актуелниот потпретседател Мајк Пенс ќе биде вакциниран пред Бајден, откако Белата куќа објави дека во петок ќе ја прими првата доза на вакцината на јавно место, пренесува Ројтерс.

-Не сакам да се вакцинирам преку ред, но сакам да им демонстрирам на сите американски граѓани дека е безбедно да ја примат вакцината против Ковид-19, изјави Бајден.

Неколку дена претходно, поранешните американски претседатели Барак Обама, Бил Клинтон и Џорџ В. Буш изјавија дека и тие ќе бидат вакцинирани.